Дома Останати Авто Мото Менаџерот на Шумахер: Веројатно никогаш повеќе нема да го видам Михаел

Менаџерот на Шумахер: Веројатно никогаш повеќе нема да го видам Михаел

Легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер во 2013 година имаше тешка несреќа на скијање и оттогаш јавноста нема можност да го види, а семејството не дава никакви информации за неговата здравствена состојба.

Тие чуваат сè во строга тајна. Лаила Хасановиќ, девојката на 25-годишниот син на Михаел, Мик Шумахер, неодамна се приклучи на тесниот круг луѓе кои знаат каде е и како е денес Михаел, пишува Дејли Мејл. Тие велат дека таа е единствената личност надвор од семејството на која и е дадена дозвола да го посети.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Неодамна 27-годишната ќерка на Михаел Шумахер Џина Марија се омажи за својот долгогодишен партнер Иан Бетке. Во семејната луксузна вила Јасмин се одржа свечена приватна церемонија. За да спречат какви било непријатности, младенците наводно им забраниле на сите да користат мобилни телефони, како и да се фотографираат. Не е познато дали Михаел бил на свадбата.

Многумина беа изненадени што Вили Вебер, долгогодишниот менаџер на Шумахер, не беше на свадбата.

„Во моментов моето здравје е во лоша состојба, па немаше да дојдам на свадба дури и да бев поканет, но не ме поканија. Свадбата на Џина ми врати некои спомени од пријателството со Михаел, победите и успеси што ги имавме заедно, се сеќавам на него каков што беше, веројатно повеќе нема да се видиме“, изјави Вебер за Билд.

“Михаел беше еден од моите најдобри пријатели, повеќе како син кој никогаш не сум го имал. Никој не знае точно што се случува со него денес, па не сакам да коментирам повеќе. “

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…