Mинхенски Баерн во псоледните неколку дена се поврзува со десниот бек на Интер Ашраф Хакими.
Одличниот Мароканец игра добра сезона во редовите на новиот шампион на Италија и не е никакво чудо што баварскиот гигант покажа интерес за него. Менаџерот на 22 годишниот дефанзивец Алехандро Камано во разговор за „Спокс“ истакан дека не знае од каде доаѓаат информациите за интерес на Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знам од каде доаѓаат тие шпекулации, но не би ме зачудило Баерн да го сака Хакими“.
Порача дека Хакими е среќен во Баерн.
„Ашраф е среќен во Интер и тој не размислува за нешто друго. Сепак кој не би сакал да игра за Баерн?“, зборуваше Камано.
Сезонава Хакими одигра 41 натпревар за Интер и оствари учинок од седум голови и осум асистенции.