Позитивна атмосфера, натпреварувачки дух, полни трибини и многу голови, го одбележаа турнирот во мал фудбал, кој беше одржан во чест на загинатиот бранител Жарко Кузмановски.
Турнирт се оджува за прв пат во спортската сала во Брвеница, со поддршка на компанијата Mozzart.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ За организација на еден ваков турнир секоја помош е добредојдена бидејќи нашата цел е да се подигне нивото на турнирот на повисок степен од сите слични турнири кои се одржуваат во нашата околина а воедно да се организира достоен турнир каков што заслужува Жаре. Овој турнир се одржува за прв пат годинава со намера да стане традиционален и да се организира секоја година. Сакам да им се заблагодарам на Mozzart што го препознаа овој турнир и помогнаа во неговата организација, со надеж дека соработката ќе продолжи и во наредните години”, изјави Наум Кузмановски, член на организациониот одбор.
Победници на првиот меморијален турнир во мал фудбал, кој се одржа во чест на Жарко Кузмановски се фудбалерите од Оддел за заштита на определени личности и објекти.
„Задоволство ни е што организаторите на турнирот се обратија кај нас за помош и поддршка за организација на турнирот. Соработката продолжува и натаму”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Лидерот во приредување игри на среќа, Mozzart, до сега застанал позади голем број турнири во мал фудбал и други различни спортски настани.
Тргнувајки од мислата во здраво тело здрав дух, Mozzart и натаму продолжува да да дава безрезервна поддршка во спортот.