Дома Фудбал Англија Медиумите го потсетија: Еве што некогаш зборуваше Мурињо за Лукаку

Медиумите го потсетија: Еве што некогаш зборуваше Мурињо за Лукаку

Трансферот на Ромелу Лукаку го одбележа досегашниот трансфер период, со тоа што Мурињо успе да го „украде“ напаѓачот пред носот на Челзи.

„Специјалниот“ говореше во супрелативи за квалитетите на Лукаку, само англиските медиуми не би биле тоа што се ако не го потсетеа Мурињо што зборуваше за Белгиецот во 2013 година, кога овај го напушташе Челзи.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Ромелу сака да зборува. Тој е младо момче кое сака да зборува. Но, единствено не кажа зошто замина на позајмица во Евертон. А последен пат кога разговаравме го прашав токму тоа – зошто никогаш не кажеш зошто си замина? Има некои работи кои јавноста не мора да ги знае. Но, еднаш даде гол и после изјави дека би сакал Жозе тоа да го гледа. Како да сакаше да праша зошто го пуштив. А јас му велам – Објасни им на сите зошто е тоа така. Ако зборуваш, зборувај за се“, изјави тогаш Мурињо.

А потоа кога Челзи и Мурињо дефинитивно го продаде Евертон во 2014. година португалскиот стручњак објасни.

„Ромелу отсекогаш беше јасен. Не можеше да ја поднесе конкуренцијата и натпреварот со останатите напаѓачи во Челзи. Сакаше да биде сигурен дека ќе биде прв избор на тренерот“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…