Екс напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе кој ова лето за сума од 180 милиони евра се пресели во Пари Сент Жермен со емотивна порака им се обрати на своите поранешни фанови.
Мбапе е свесен за гневот кој го навлече кај фановите со трансферот кај големиот ривал, но истакна дека неговата љубов никогаш нема да престане.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Знам дека некои од вас не го разбираат мојот избор и се лути. Разбирам се, но јас не се променив и моите добри страни останаа исти: скромност, едноставност и респект. Може да се лутите и да ме мразите, но никогаш не можете да ја запрете мојата љубов кон вас, зошто е вистинска. Ве сакам“, напиша Мбапе.