Пари Сен Жермен вчера со голема победа во реваншот против Барселона се пласираше помеѓу најдобрите четири екипи во Европа.
Францускиот шампион ја искористи ситуацијата со играч повеќе на теренот и постигна четири гола за пласман во полуфиналето. Мбапе според најавите ја игра последната сезона во ПСЖ, но во клубот се уште веруваат дека тој може да одлучи да остане.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мора да сме многу внимателни за да дојдеме до финалето. Мораме да играме како тим, работевме напорно шест дена по поразот минатата недела и верувавме во триумф.
Честитки до сите во ПСЖ, горд сум што сум парижанец. Навистина е специјален момент и чест да се носи дресот на овој клуб. Сите го знаете мојот сон, сакам трофеј со ПСЖ во Лигата на шампионите. Ќе направиме се за да дојдеме до „Вембли““, изјави Мбапе.