Килијан Мбапе ниту во својата шеста сезона нема да го освои посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите за кој најмногу беше доведен од Монако во 2017 година за 180 милиони евра.
Стана Мбапе најдобар стрелец во историјата на ПСЖ, освои четири титули во француското првенство и три купа, но Лигата на шампионите остана недостижна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најблиску беше пред две години кога во финалето исто така Баерн се радуваше на победата. По новиот неуспех во Европа Мбапе даде свое кратко објаснување.
„Баерн изгради тим за освојување на Лигата на шампионите, а нас ова ни е максимумот. Мораме да се запрашаме зошто е тоа така и да се вратиме на нашето секојдневие, а тоа е Лига 1“, изјави Мбапе.
За многумина оваа изјава на Мбапе е израз на незадоволство од лимитираноста на клубот, но и фрустрацијата што и со толку ѕвезди во тимот и понатаму најголемиот успех изостанува. Го продолжи договорот 24-годишникот до 2025 година, но според последните шпекулации Реал Мадрид повторно ќе биде тема во летото кое следи.