Дома Фудбал Останато Мбапе е скомно момче: Сумите кои се вртат во фудбалот се непристојни!

Мбапе е скомно момче: Сумите кои се вртат во фудбалот се непристојни!

Младиот француски фудбалер, Килијан Мбапе смета дека астрономските цени кои денес се плаќаат за играчите се претерани.

Мбапе е еден од најскапите фудбалери во историјата, а ПСЖ го купи за 180 милиони евра, додека рекордер е Нејмар кој за 222 милиони евра премина од ПСЖ во Барселона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Тоа е навистина непристојно, барем за мене кои доаѓам од скромно семејство. Но, пазарот е таков, цените растат и тоа не може да се промени“, смета Мбапе и потенцираше дека не сака никого да копира.

„Не сакам да бидам копија, сакам да имам своја приказна, мислам дека е важно да имате висока доза на самодоверба“, истакна Французинот.

За крај тој испрати и еден совет за неговите помлади колеги.

„Не слушајте ги оние кои се сомневаат во вас, секогаш верувајте во своите соништа и не им верувајте кога ви зборуваат дека некои работи се невозможни“, заврши супер талентираниот фудбалер на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наследникот на бројот 10 во Реал Мадрид би можел да биде сериозно изненадување

Хрватската легенда Лука Модриќ го напушта Реал Мадрид по 13 години. Познатиот плејмејкер з…