Фински обложувач се покажа како вистински мајстор и си освои 33.398 евра откако го погоди исходот на сензационалната трка во Монца.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој уплатил само 20 центи (12 денари) дека Пјер Гасли, Карлос Сајнц и Ланс Строл ќе бидат на пиедесталот на крајот на трката.
Гасли триумфираше пред Сајнц од Мекларен и Строл од Рејсинг поинт, а ваквиот исход го збогатил Финецот за повеќе од 33.000 евра.
Тој имал опција и да одигра дека Гасли ќе победи пред Сајнц и Строл, така ќе имал добивка од 166.990 евра, но секако и вака не му е лошо.
Што да се каже освен – браво мајсторе и со среќа да си ги трошиш!