Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мајсторијата на Коларов доволна први три бода на Србија (видео)

Мајсторијата на Коларов доволна први три бода на Србија (видео)

Мундијалската програма во Русија денес беше отворена со натпреварот помеѓу Костарика и Србија.

Србите запишаа минимална победа и ја оправдаа фаворитската улога против селекцијата на Костарика. Во текот на целиот натпревар Србите беа подобриот противникот, ја имаа топката во свој посед но изостануваа посериозни шанси.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најголемата прилика Србија во првиот дел ја имаше преку акробатскиот потег на Милинковиќ Савиќ, кога и беше досудена недозволена позиција и ако Савиќ не беше најблиску до голот на Навас. Сепак, јасно е дека доколку ова беше погодок, ВАР ќе мораше да интервенира.

Во вториот дел работите не се променија многу.

Србија продолжи да им иницијатива и создава по некоја шанса.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 56 минута кога Александар Коларов постигна маестрален гол од слободен удар кој на крајот се покажа како доволен за „Орлите“ да ги запишат првите три бода.

До крајот Србија пропушти и уште некоја шанса за поубедлива победа, додека Костарика не успеа посериозно да се закани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…