Мајами Хит после шест години се најде во финалето на НБА лигата откако во шестиот натпревар од финалето на Истокот го победија Бостон Селтикс со 125:113 за 4:2 во серијата.
Хит водеше во погoлем дел од мечот, но Селтикси успеаа да стигнат до пресврт на почетокот на последната четвртина, а во еден момент отидоа и на +6. Сепак, во клучните моменти екипата од Флорида успеа да направи серија и да дојде до +14. Со таа серија беше се готово за конечни 125:113.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одличниот Бем Адебајо одигра уште еден фантастичен меч со 32 поени, покрај тоа додаде 14 скока и пет асистенции. Кај Селтикси Браун постигна 26 поени, додека Тејтум додаде 24.
Хит во финалето ќе игра против Лејкерси првиот натпревар на распоред е ноќта помеѓу среда и четврток.