Како што пишуваат медиумите се чека само Роман Абрамович да потврди и Антонио Конте да ги спакува куферите. На Островот во секој момент се чека вест дека Антонио Конте заминува, за негов наследник е избран – Маурицио Сари!
Се наведува дека сега веќе поранешниот тренер на Наполи добил предност во однос на Луис Енрике и Славиша Јокановиќ. Информациите се дека Сари во текот на вчерашниот ден имал преговори од седум часа со застапниците на англискиот клуб и понудата е конкретна – 5 милиони евра по сезона!
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, Челзи е спремен и Наполи да му плати оштета од осум милиони евра, иако Сари повеќе не е тренер на Наполи.
Покрај тоа се истакнува и дека Сари сака со себе во Лондон да ги земе Раул Албиол, Елсеид Хисај и Пјотр Зјелински. Сите тројца во своите договори имаат откупни клазули кои Англичните можат да ги платат. Калид Кулибали ја нема и веројатно поради тоа е недостапен. Се шпекулира и дека Сари сака повторно да соработува со поранешниот напаѓач на Наполи, Гонзало Игуаин, но таков трансфер во овој момент не е рално да се очекува.
Единствен проблем во седнувањето на Сари на клупата на Челзи е – важечкиот договор на Конте. Италијанецот не сака да се откаже од своите пари. Изгледа на крајот Абрамович ќе мора му исплати 8 милиони евра за да си замине.