Српскиот фудбалер, Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимата.
Оваа сезона, Матиќ е незадоволен од минутажата која му ја дава Солскјер и одлучен е во намерата да го напушти „Олд Трафорд“, особено дека не му беше понудено продолжување на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Островот пишуваат дека трансферот на Матиќ би можел да се случи во јануари, а следната дестинација најверојатно ќе биде Серија А, каде постои најголем интерес за него.
Договорот на 31-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната, но клубот може автоматски да го обнови за 12 месеци. Ова значи дека Јунајтед нема да го загуби фудбалерот без обештетување.
За Матиќ наводно се интересира Милан, како и Интер, кој е особено упорен во намерата да го доведе уште во јануари бидејќи Србинот е голема желба на Конте.