Дома Фудбал Италија Матија Перин го продолжи договорот со Јувентус

Матија Перин го продолжи договорот со Јувентус

Резервниот голман на Јувентус, Матија Перин го продолжи договорот со „старата дама“ до 2025 година, потврди гигантот од Торино.

Перин поретко добиваше шанса на голот оваа сезона затоа што Алегри довербата му ја даде на Војчех Шчесни, а италијанскиот голман важи за еден од омилените ликови во клубот, па и за очекување беше да продолжи соработката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Член на Јувентус Перин е од 2018 година, но минатата сезона ја помина на позајмица во Џенова.

Јувентус при продолжувањето на договорот со Перин на официјалниот сајт истакна дека голманот остварил дури осум „чисти“ мрежи на 17 натпревари сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јамал минува низ пекол: „Грд си, врати се во Мароко“

Шпанскиот репрезентативец Ламине Јамал беше изложен на расистички коментари и навреди од с…