Дома Фудбал Германија Матеус: Геце не е врвен напаѓач!

Матеус: Геце не е врвен напаѓач!

Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус го кажа своето мислење за напаѓачот  на Борусија Дортмунд, Марио Геце.

Матеус смета дека Геце не е врвен напаѓач и треба да ги намали побарувањата за плата. Негпвиот договор со Дортмунд истекува на крајот на сезоната, а двете страни најверојатно ќе се разделат ова лето.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Не можам да замислам дека тој отиде во врвен клуб. Марио постигна многу, тој ни донесе победа на Светското првенство 2014 година. Играше одлично за Борусија и понекогаш блескаше во Баерн. Но,каде е сега таков играч на фудбалскиот пазар? Геце треба да ги намали барањата не само во однос на изборот на клуб, туку и во однос на платата“, изјави Матеус.

27-годишниот Геце професионална кариера ја почна во 2009 година во Борусија Дортмунд. Во 2013 направи трансфер во Баерн Минхен, а од 2016 повторно е член на Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид објави уште еден нов дефанзивец

Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Тој има 22 години, игра…