Дома Фудбал Италија Масимилијано Алегри ја потврди својата одлука!

Масимилијано Алегри ја потврди својата одлука!

Поранешниот тренер на Јувентус донел одлука.

Масимилијано Алегри нема да води клуб во наредната сезона, се шпекулира дека го одбил Челзи, но како и да е сега самиот потврди дека ќе си земе одмор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ова ќе биде прв пат после 16 години Алегри да паузира.

„Морам да одморам една година, да се вратам на својот приватен живот и да ја обновам врската со децата, семејството и пријателите. Се чуствувам изморен како да бев во центрифуга, ми недостасуваше време за работи кои не се поврзани со фудбалот“, изјави Алегри.

После пет титули тој не успеа да се договори со управата за новиот договор.

„Оваа година ќе ми послужи да ги согледам работите и да се спремам за новата работа“, порача Макс.

Рано е да се зборува, но сигурно дека во летото 2020 година ќе има многу понуди.

Алегри во својата кариера досега освен на Јувентус беше тренер на: Аглинесе, СПАЛ, Гросета, Сасуоло, Каљари и Милан. На клупата на Јувентус дојде во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола за Родри: Колку прстени освоија Булси без Мајкл Џордан?

Ѕвездата на Манчестер Сити, Родри стана првиот играч од средниот ред по Лука Модриќ кој ја…