Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди ова лето ги напушти редовите на Интер и се пресели во ПСЖ.
Икарди во парискиот клуб си замина на позајимца со право на откуп, а еден од оние кои сметаат дека тој тоа не го сакаше е неговиот сега поранешен соиграч од Интер, Лаутаро Мартинез. Тој вели дека Икарди сакал да остане во Интер, но сепак на крајот тоа не се случило.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Имам добар однос со него, често се слушаме. Сакаше да остане и во разговор со луѓето од клубот секогаш зборуваше дека сака да игра. Но, сега е во друг тим и му посакувам се најдобро, бидејќи тој многу ми помогна кога дојдов во Италија“, изјави Лаутаро.
Потсетуваме, на местото на Икарди во Интер пристигна Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед