Искусниот лев бек на Реал Мадрид, Марсело е спремен да го напушти клубот ова лето, после цели 12 години, тврдат шпанските медиуми.
Причината за ваквата одлука е што Марсело смета дека ова последниот момент да потпише богат договор. Поради тоа 31-годишниот Бразилец го известил раководството за својата одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата сезона не беше успешна за Марсело, кој го загуби местото во стартниот тим. Меѓутоа со враќањето на Зидан во клубот, Бразилецот повторно се врати меѓу стартерите.
Ова лето Реал го купи Ферланд Менди, со кого треба да ја дели минутажата, па ова е уште една причина да ја промени средината.
Шпанските медиуми тврдат дека Марсело има понуди од ПСЖ, Јувентус, Арсенал и Милан и наскоро неговите агенти ќе разговараат со Флорентино Перез.
https://youtu.be/SKcIOZeKhtc