Тоа што го најавуваа италијанските медиуми денес доби потврда, Интер и Брозовиќ постигнале договор за продолжување на соработката.
Преговорите за нов договор траеа подолго време бидејќи двете страни не можеа да најдат заеднички јазик.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Последните информации од Италија се дека сепак двете страни постигнале комплетен договор и следната недела Хрватот ќе стави потпис на нов договор.
„Брозовиќ и Интер сакаат да продолжат заедно. Преговорите се во завршна фаза и за неколку дена ќе биде официјализиран новиот договор“, потврди извршниот директор на „нероаѕурите“, Бепе Марота.
„Поразот од Сасуоло е сосема заслужен и не бараме алиби. Имаме доверба во Инзаги кој е голем професионалец. Ние сме актуелни шампиони и тренерот знае дека главната цел и оваа сезона е Скудетото“, додаде Марота.