Дома Фудбал Италија Марота: Миланското дерби беше одлична реклама за италијанскиот фудбал

Марота: Миланското дерби беше одлична реклама за италијанскиот фудбал

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота е задоволен од атрактивниот меч кој го одиграа екипите во миланското дерби.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марота е разочаран што „нероаѕурите“ не успеаа да го совладаат Милан, но смета дека мечот бил одличен.

„Би сакал да потенцирам дека ова дерби беше една убава реклама за италијанскиот фудбал. Мечот беше следен во живот од 150 земји во светот. Меѓутоа останува за нас разочарувањето дека не победивме. Сепак, тоа се должи на квалитетите на противникот“, изјави Марота.

„Милан многу создреа во последно време и е меѓу тимовите кои ќе имаат водечка улога во битката за Скудетото, заедно со нас. Ќе биде интересна битка до самиот крај“, додаде директорот на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло на Вимблдон против Циципас

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во среда го очекува нов предизвик на Вимб…