Дома Трансфер зона Марота: Интер нема да биде многу активен на трансфер пазарот

Марота: Интер нема да биде многу активен на трансфер пазарот

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота ги предупреди навивачите да не очекуваат големи трансфери ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Не можеме да зборуваме за големи инвестиции во Италија. Ние секако имаме силен тим кој се бори за два трофеи оваа сезона. Имаме млад и талентиран тренер и група на многу квалитетни фудбалери. Треба да направиме само неколку ситни промени и да го извлечеме максимумот“, изјави Марота.

Марота е човекот кој што го доведе Дибала во Јувентус во 2014 година и медиумите тврдат дека сега може да го доведе во Интер како слободен агент.

„Дибала е исклучителен фудбалер, слободен агент е и поради тоа го сакаат многу клубови Меѓутоа, ние во Интер имаме одличен напад и имаше пет напаѓачи. Сепак, јас многу го ценам Дибала“, истакна Марота и не ја исклучи можноста да го доведе Аргентинецот во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…