После девет годино, Роналдо го напушти Реал Мадрид и ова лето одлучи кариерата да ја продолжи во Јувентус, но денес шпанските медиуми пласираа интересна вест.
Јувентус го доведе Роналдо и сега се надева дека конечно со него во тимот ќе успее да стигне до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Меѓутоа, денес „Марка“ пласираше вест според која поранешниот претседател на Милан Ли Јонгсонг се обидел да го доведе Кристано Роналдо во Милан!
Кинескиот бизнисмен понудил 150 милиони евра за да го доведе Роналдо на „Сан Сиро“, на Португалецот му бил понуден петгодишден договор. Сепак, сето ова не се случувало ова лето, туку претходното, па Роналдо одлучил да остане уште една година во Реал.
Сега, можеме само да замислуваме како денес би изгледал Милан со Роналдо во тимот.
До сега Португалецот за Јувентус во првите седум кола во Серија А постигна три погодоци и запиша четири асистенции.
Покрај, Милан во текстот на „Марка“ се споменува дека Роналдо се обидувале да го доведат уште Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.