Според последните информации од Италија, иднината на Марио Манџукиќ е во Јувентус.
Во редовите на Јувентус се сосема задоволни од настапите на хрватскиот напаѓач кој неодамна доби чест да ја носи капитенската лента, а сега од клубот ќе добие изгледа ново признание.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ објави дека Јувентус сака да го продолжи договорот со Марио Манџукиќ на уште две или три сезони со тоа што би му се намалила платата која во овој момент изнесува 3.5 милиони евра по сезона.
Ако се суди според информациите од „Чизмата“, Манџукиќ ја прифатил таквата понуда во која ќе има и поголеми бонуси од досегашните. Така висината на примањата на напаѓачот веројатно најмногу би зависеле од минутажата која ќе ја добива.
Манџукиќ во Јувентус настапува од 2015 година. Претходно го носеше дресот на Атлетико Мадрид, Баерн, Волфсбург, Динамо Загреб и Марсонија.