Наскоро ќе биде донесена одлука за судбината на Марио Манџукиќ во Милан.
Милан и Манџукиќ имаа договор до крајот на сезоната со можност истиот да се продолжи, но хрватскиот напаѓач не ги оправда очекувањата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Манџукиќ имаше проблеми и со повредите и во Милано не се задоволни. Сега Манџукиќ се поврзува со клубови од Белгија, но и со клубови од Блискиот Исток.
Наводно интерес за Манџукиќ покажал арапскиот Ал Хилал кој ќе понуди многу пари. Искусниот напаѓач пред Милан имаше неславна авантура во Катар, помина неколку месеци и си замина, па затоа сега сигурно добро ќе размисли.