Дома Македонски спорт Манчини: Нема да биде лесно со Македонија и финалето може да ни е полесно од тој натпревар

Манчини: Нема да биде лесно со Македонија и финалето може да ни е полесно од тој натпревар

Селекторот на европскиот шампион Италија, Роберто Манчини порача на италијанската јавност да не се создава дополнителен притисок околу репрезентацијата пред натпреварот против Македонија.

Во изјава за „Скај Италија“ Манчини порача дека на неговата селекција нема да и биде толку лесно против Македонија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мораме да бидеме смирени, не е време да се создава така голем притисок. Се мисли дека со Македонија ќе ни биде лесно, но јас знам дека нема да биде така. Можеби и финалето ќе ни биде полесно од пресметката со Македонија. Ќе мораме да играме сконцентрирано и фантастично добро за да победиме“, изјави Манчини.

Имаше барање Манчини да се одложи колото во викендот пред натпреварот, сепак тоа барање беше одбиено.

„Не сум разочаран што нашето барање беше одбиено. Би сакал да имавме повеќе денови за подготовка, но што е тоа е“, истакна италијанскиот селектор.

Баражот помеѓу Македонија и Италија се игра на 24. март во Палермо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…