Манчестер Јунајтед бара засилување во нападот и замена за Роналдо, а најновото име на списокот е Дани Олмо од Лајпциг.
Олмо игра одлично во Лајпциг каде оваа сезона има постигнато 4 гола и 5 асистенции, а покажа добри партии и на Мундијалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Олмо на лето влегува во последната година од договорот, па Јунајтед сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на „Олд Трафорд“.
Шпанецот може да игра на сите позиции во нападот и совршено се вклопува во стилот на игра на Тен Хаг.
Шпанските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 60 милиони фунти за потписот на Олмо.