Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за играчот на Интер и холандски репрезентативец, Дензел Думфрис.
„Црвените ѓаволи“ се поврзуваа со трансфер на Холанѓанецот и минатото лето затоа што бараат нов десен бек, тогаш не успеаа да го договорат, но се откажуваат.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Думфрис игра одлично во дресот на Интер, а покажа добри партии и на Мундијалот, па Тен Хаг смета дека одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Холанѓанецот одлично го познава својот сонародник и ќе се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“, а „Калчомеркато“ открива дека „црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 60 милиони евра, која Интер тешко ќе ја одбие.