Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед носи замена на Погба уште во јануари?

Манчестер Јунајтед носи замена на Погба уште во јануари?

Во Манчестер Јунајтед се свесни дека Пол Погба планира да замине на крајот од сезоната и затоа ќе се обиде да му пронајде замена.

Малку недостасуваше англискиот тим да остане без Погба и во текот на летото кога Реал Мадрид беше сериозно заинтересен. Французинот остана, но веројатно ја игра последната сезона.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Луѓето во Јунајтед се свесни за тоа и веќе се во потрага по негова замена, а наводно ја пронашле во Франција.

„ЕСПН“ пренесува дека Манчестер се обидува да го договори доаѓањето на играчот за врска на Лил Боубакари Соумане.

Лил се надева дека овој фудбалер ќе потпише нов договор, меѓутоа медиумите пишуваат дека работите се промениле после интересот на Манчестер Јунајтед.

Оваа сезона Соумане настапи на 10 натпревари за Лил во Лига 1 и на три во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…