Oфанзивецот на Челси, Кристофер Нкунку ја разгледува опцијата да го напушти Челси во текот на зимскиот преоден рок.
Францускиот напаѓач е во втор план кај Енцо Мареска и поголема минутажа добива само во Конференциската лига која и не е толку интересна за навивачите.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Но, интересно е што Нкунку е најдобар стрелец на Челси ако се сметаат сите натпреварувања и постигна дури десет погодоци, меѓутоа повеќето од нив ги постигна во квалификациите и Конференциската лига.
Се споменува мпжност Манчестер јунајтед да го доведе, но го следи и Пари Сен Жермен со кој и претходно се поврзуваше.
Челзи за неговите услуги плати сума од 60 милиони евра и јасно е дека нема да може да го вратат вложеното. Нкунку е фудбалер кој има 26 години и може да покрие повеќе позиции во нападот.