Дома Топ вести Манчестер Јунајтед и Јувентус спремаат трампа

Манчестер Јунајтед и Јувентус спремаат трампа

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во клубот и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следи Јувентус, кој сака да го донесе во Торино.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Јувентус сака да го искористи незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Манчестер Јунајтед е спремен да го пушти Холанѓанецот и му предлага трампа на Јувентус, така што за возврат да го добие потписот на Адриен Рабио.

Французинот е на излезна врата од Јувентус, па многу веројатно „старата дама“ ќе го прифати ваквиот предлог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…