Францускиот прволишаг Лил е спремен да ја продаде својата млада ѕвезда, Бубакари Сумаре, за кого силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Челзи.
Манчестер Јунајтед и Челзи веќе започнале преговори со 20-годишниот фудбалер, па тој конечното решение за трансферот ќе го донесе после мечот со Пари Сент Жермен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сумаре оваа сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.
Арсенал, Реал Мадрид и Валенсија исто така го следат фудбалерот, но Јунајтед и Челзи се најконкретни и сакаат да го донесат во јануари.
Француските медиуми тврдат дека Лил е спремен да го продаде, па сега самиот играч треба да одлучи дали ќе се пресели во Манчестер или Лондон.