Дома Топ вести Миланско дерби за „новиот Погба“

Миланско дерби за „новиот Погба“

Милан и Интер се силно заинтересирани за играчот за врска на Лил, Бубакари Сумаре, пренесуваат италијанските медиуми.

Сумаре минатата сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европските гиганти веќе покажаа силен интерес за Сумаре, но француските медиуми тврдат дека Милан и Интер се најсериозни кандидати за неговиот потпис.

Конте е во потрага по играч кој ќе може да биде алтернатива за Брозовиќ, а Милан бара алтернатива за Кеси, па веруваат дека Сумаре ќе биде идеално засилување.

Лил е спремен да ја пушти својата ѕвезда за 30 милиони евра, а миланските гиганти ќе се обидат да ја намалат цената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…