Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед и Гаранчо постигаа договор

Манчестер Јунајтед и Гаранчо постигаа договор

Манчестер Јунајтед постигнал договор со Алехандро Гаранчо за продолжување на договорот, пренесуваат англиските медиуми.

Новиот договор ќе биде за пет години и 18-годишниот талент очекувано ќе добие значително зголемување на платата. Останува да се договорат само одредени детали околу имиџ-правата на Аргентинецот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Гаранчо оваа сезона не само што добива шанса кај Тен Хаг, туку се етаблираше во многу важен фудбалер, па до сега запиша 25 меча во сите натпреварувања.

Гаранчо покажа дека е еден од најголемите таленти во моментов, па го привлече вниманието на Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен. Тоа го натера Јунајтед брзо да реагира и да започне преговори.

Гаранчо наскоро ќе стави потпис на нов договор и ќе ја продолжи верноста со „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…