Играчот од средниот ред на Јувентус, Адријан Рабио, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата, тврдат француските медиуми.
Италијанскиот шампион има намера да се раздели со поранешниот играч на Пари Сент Жермен, кој не се наметна во стартниот тим, а истовремено создаде проблеми со своето однесување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите тврдат дека Јувентус веќе започнал преговори со Манчестер Јунајтед, кој е прв кандидат за потписот на Французинот.
Солскјер е во потрага по квалитетен играч за врска и смета дека Рабио би бил идеално засилување за неговиот тим.
Рабио дојде во Јувентус минатото лето како слободен агент, оваа сезона запиша 17 натпревари во Серија А, во кои нема ниту гол, ниту асистенција.