„Црвените ѓаволи“ донеле конечна одлука да го продадат Пол Погба на крајот на сезона, тврдат медиумите на Островот.
Манчестер Јунајтед веќе ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на Погба за додатни 12 месеци, па сега неговиот договор истекува во јуни 2022 година.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Погба и оваа сезона игра под сите очекувања и не може да се наметне како лидер на тимот, па раководството смета дека е вистинско време за негова продажба.
После изјавата на менаџерот на Погба, Мино Раиола на „Олд Трафорд“ сметаат дека Французинот нема иднина во клубот и се спремни да го продадат за 55 милиони евра на лето.