Дома Топ вести Манчестер Сити нуди две ѕвезди за потписот на Кејн

Манчестер Сити нуди две ѕвезди за потписот на Кејн

Манчестер Сити  е во потрага по нов напаѓач, а главна тема е ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.

Одличниот 27 годишен напаѓач е фрустриран поради фактот што неговиот тим не се бори за трофеи и неодамна искажа желба за заминување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тотенхем нема лесно да се откаже од својата ѕвезда, но Манчестер Сити спрема понуда која „спарси“ нема да можат да ја одбијат.

„Граѓаните“ се спремни да понудат две свои ѕвезди, Габриел Жесус и Рахим Стерлинг за да ги забрзаат преговорите со Тотенхем.

Тотенхем постави цена од 150 милиони фунти за Кејн, но сепак е спремен да ја разгледа оваа понуда, бидејќи ќе добие две големи засилувања.

Се очекува двата клуба наскоро да седнат на преговарачка маса, но „спарси“ покрај двајцата фудбалери ќе бараат и одредена сума на пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…