Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, најверојатно ќе ја напушти клупата на „граѓаните“ по завршувањето на сезоната.
„Граѓаните“ ќе се обидат да го убедат да остане, но му дале ултиматум да се изјасни до крајот на годината по тоа прашање.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раководството на шампионот на Англија сака да има доволно време за пронаоѓање на нов тренер доколку Гвардиола не сака да остане, а се чини дека веќе сега е јасно кој во тој случај ќе биде прва цел на Манчестер Сити.
„Граѓаните“ се заинтересирани за Чаби Алонсо и актуелниот тренер на Баер Леверкузен го гледаат како совршена замена за Гвардиола.
🚨👑 Manchester City have shown concrete interest in Xabi #Alonso should Pep Guardiola leave #MCFC in summer!
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) November 1, 2024
However, Bayer 04 Leverkusen believe that Alonso will move to Real Madrid, who are currently the favorites to sign him next summer. Alonso is the preferred candidate to… pic.twitter.com/XXO6jw33Wi