Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс, сака да си замине од Атлетико Мадрид во јануари и веќе бара нов клуб.
Откако извршниот директор на Атлетико, Анхел хил Марин призна дека имало конфликт помеѓу Феликс и тренерот Симеоне, јасно е дека Португалецот ќе го напушти клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дејли Мејл“ пренесува дека Челзи и Манчестер Јунајтед првично покажале интерес, но се откажале од Португалецот.
Тоа во моментов го прави Арсенал фаворит за неговиот потпис, бидејќи „топциите“ се спремни да платат 8 милиони евра за шестмесечна позајмица.
Во Арсенал сакаат да го ангажираат Португалецот уште во зимскиот преоден рок како замена за повредениот Габриел Жесус, па веќе работи на трансферот.