Иако се беше договорено, сепак дефанзивецот на Рома, Костас Манолас одби да замине на лекарски прегледи и да потпише договор со руски Зенит.
Дефанзивецот на Рома ги имаше договорено сите детали со клубот од Санкт Петербург, а кога двата клуба ја договорија отштетата од 35 милиони евра, се очекуваше трансферот да биде формалност.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Сепак ситуацијата драстично се променила во последен момент, откако Манолас побарал измени во договорот со рускиот клуб, од едноставна причина што се плаши од политичката и државна состојба во Русија.
Гркот побарал наместо во руски рублји, месечната и годишната плата да ја прима во евра, па поради тоа не се појави на медицински прегледи.
Сега останува да видиме дали раководството на Зенит ќе му ја исполни желбата или трансферот ќе пропадне.