Дома Фудбал Италија Малдини „распали“ по судијата и ВАР

Малдини „распали“ по судијата и ВАР

Легендата и технички директор на Милан, Паоло Малдини изрази разочарување од судењето на мечот против Фиорентина.

Неговиот тим испушти победа на гостувањето кај Фиорентина, откако судијата Калварезе досуди пенал над Кутроне во 87-та минута.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На снимката јасно се гледа дека Ромањоли интервенира над топката, но судијата не побара помош од ВАР и досуди на белата точка.

„За жал освоивме само еден бод, иако го контролиравме мечот и бевме подобри од Фиорентина. Не се справивме добро со ситуацијата кога имавме играч повеќе на теренот. Меѓутоа, мора да реагираме на ваквото судење, судијата досуди пенал, а не ја прегледа снимката. Ако ова е пенал, тогаш јас ништо не разбирам.  Јас прв пат гледам вака да се толкуваат правилата, Ромањоли интервенираше на топка, а судијата не побара помош од ВАР системот“, изјави Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…