Дома Фудбал Италија Малдини: Освоив многу, но сум најголем губитник во историјата

Малдини: Освоив многу, но сум најголем губитник во историјата

Легендарниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини имаше интересен разговор преку Инстаграм со Кристиан Виери.

Малдини имаше импресивна фудбалска кариера и е еден од најтрофејните фудбалери во историјата со 26 освоени трофеи од кои дури 5 во Лигата на шампиони.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сепак, Малдини се нареше „најголем губитник во историјата“, бидејќи во текот на кариерата загуби многу финалиња.

„Вистина е дека освоив многу трофеи, но имав и многу болни порази. Всушност јас сум најголем губитник во историјата. Изгубив три финалиња во Лига на шампиони, еден УЕФА Суперкуп, три финалиња во Интернационалниот Куп, финале на Мундијал, финале на Европско првенство“, истакна Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уште едно изненадување од Милан, со Модриќ доаѓа и неговиот соиграч

Лука Модриќ е пред потпис со Милан и сè би требало да биде официјално наредната седмица, а…