Дома Фудбал Италија Малдини е среќен поради Пиоли: Можеме да ја спасиме сезоната

Малдини е среќен поради Пиоли: Можеме да ја спасиме сезоната

0

Италијанскиот гигант Милан за нов тренер вчера го именуваше Стефан Пиоли.

Серијата лоши резултати доведе до тоа Росонерите да го отпуштат Марко Џампаоло, а иако во оптек имаше неколку имиња, управата на клубот се одлучи за Пиоло кој потпиша двегодишен договор. Пиоло стана деветтиот тренер на Милан во последните пет години, а во клубот веруваат дека со неговото назначување направиле добар потег.

„Именувањето на тренерот Пиоли не е коцка. Не сакаме да ја отпишеме тековната сезона, сакаме да бидеме релевантни во првенството. Останаа уште 31 натпревар. Можеме да играме многу подобро отколку сега“, изјави техничкиот директор на клубот, Малдини.

По седум одиграни натпревари Милан во Серија А се наоѓа на 13. место.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан во проблеми, Јувентус им го “мерка“ капитенот

Веќе неколку време се шпекулира дека челниците на „Бјанконерите“ се заинтересирани за дефа…