Дома Фудбал Италија Малдини: Да не заборавиме од каде почнавме, во Бергамо изгубивме 5:0

Малдини: Да не заборавиме од каде почнавме, во Бергамо изгубивме 5:0

Mилан вчера ја победи Аталанта и така обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Техничкиот директор на тимот Паоло Малдини по овој натпревар зборуваше за враќањето на Милан во најелитното европско натпревари. Од неговата изјава може да се заклучи и дека Пиоли ќе остане тренер на „росонерите“ следната сезона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во такво нешто никој не се сомневаше откако Милан се избори за место во топ 4.

„Го заслуживме резултатот кој го остваривме на крајот од сезоната, посебно гледајќи како се боревме целата сезона. Ние сме најмладиот тим во Серија А. Сите, од играчите до тренерите завршија одлична работа, никогаш не се сомневавме во квалитетите на Пиоли. Не треба да заборавиме од од каде започнавме, изгубивме 0:5 во Бергамо, а сега ја победивме Аталанта“, изјави Малдини.

На крајот Милан сезоната ја заврши како второпласиран зад шампионот Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лапорта: Не е реално да зборуваме за враќање на Меси

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта даде интервју за “Радио Каталуња”, во кое го комен…