Легендарниот капитен на Милан, Паоло Малдини ја даде првата пресконференција по повод неговото враќање во клубот.
Малдини после 9 години се враќа во својот матичен клуб каде доби важна директорска функција од новите сопственици на Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Треба да кажам дека јас никогаш не кажав НЕ на поканите да се вратам во Милан. Пред неколку години разговарав со Барбара Берлускони, но не се случи ништо. Пред година и половина разговарав со кинеските сопственици, но не ми се допадна функцијата која ми ја понудија. Јас доаѓам во Милан за да работам за доброто на клубот, а не само да бидам фигура“, истакна Малдини.
„Овој проект е сериозен и верувам во него затоа се вратив во Милан. Разговарав со Леонардо и новите сопственици, мојата улога е јасна. Јас и Леонардо ќе бидеме одговорни за целиот спортски аспект – првиот тим, младинците, трансферите…Важно е сите да бидеме на јасно со работата што ни претстои во иднина“, додаде Малдини.
„Имаме млади и добар тим кој може само да напредува. Имаме голема доверба во Гатузо. Малан е еден од најголемите клубови во светот и нашето место е да се вратиме на врвот. Знаеме дека не може се да се направи одеднаш, но имаме јасен план и сите заедно ќе работиме да го вратиме клубот таму каде што припаѓа“, заклучи легендарниот капитен.