Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија ја победи Кореја и заврши на 27-то место на Мундијалот

Македонија ја победи Кореја и заврши на 27-то место на Мундијалот


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Maкедонската ракометна репрезентација победи на последниот натпревар на Мундијалот против Јужна Кореја со 33:36.

Така избраниците на Кире Лазаров завршија на 27-то место од 32 репрезентации на Светското првенство.

Одлично го почнавме натпреварот, во еден момент имавме водство и од шест голови разлика 17-11, но на одморот заминавме само со еден позитива, 20-19.

Во второто полувреме повторно ја зголемивме предноста на три гола, но Кореја се врати во мечот и долго време држеше само еден гол негатива. Натпреварот беше решен во последните пет минути кога одигравме подобро од противникот и славевме победа за освојување на 27 место.

Најдобар поединец во нашата репрезентација беше Томовски кој имаше 14 одбрани, најдобар стрелец беше Кузмановски со осум голови, Костески постигна шест, Серафимов пет, Талески четири.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Херојска победа на аеродромци: Фаворизираната Олимпија падна пред МЗТ!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Кошаркарите на МЗТ С…