На квалификациите кои неодамна беа завршени македонската репрезентација до 19 години малку недостасуваше да се пласира на ЕП 2019 година кое ќе се одржи во Ерменија.
Во нашата квалификациска група завршивме на третата позиција зад Чешка и Хрватска, репрезентации со кои одигравме нерешено, додека славевме победа на Луксембург.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Денес се добија групите за новите квалификации за Европското првенство кое во 2020 година ќе се одржи во Северна Ирска.
Македонските фудбалски надежи се најдоа во 11-тата група каде што друштво ќе ни прават, Англија, Босна и Херцегодина и Луксембург.
Квалификациските натпревари ќе се одиграат од 13-ти до 19-ти ноември 2019 година во нашата земја.