Македонската фудбалска репрезентација, на најновата ранг листа на ФИФА, има пад од две позиции по јунските мечеви во Лигата на нации.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија сега се наоѓа на 64-та позиција, по двете победи против Гибралтар, нерешениот меч со Бугарија и поразот од Грузија во Скопје.




На врвот останува Бразил пред Белгија, а сега третопласирана е Аргентина, веднаш пред актуелниот светски шампион Франција.




Од противниците на Македонија во Лигата на нации, Бугарија е на 74-то место, Грузија е рангирана на 82-то место, додека Гибралтар е на 201 позиција.