Дома Македонски спорт Македонија изгуби во Букурешт, но ја одработи задачата за дуел со Чешка за СП!

Македонија изгуби во Букурешт, но ја одработи задачата за дуел со Чешка за СП!

Maкедонската репрезентација денес го одигра реваншот од баражот за Светското првенство против Романија.

За разлика од Скопје македонските ракометари прикажаа послаба игра, Романците во поголем дел од натпреварот го имаа водството. Во првото полувреме најголемата предност на Романците беше +3 (8:11). Но до крајот ние успеавме да изедначиме на 12:12.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Слична беше сликата на теренот и во второто полувреме. Романија не покажуваше кој знае како квалитет, меѓутоа и ние не бевме на нивото од натпревароит од пред два дена. Како игравме денес доволно зборува тоа што имавме период од девет минути без постигнат од 36. до 48. минута.

Во тој период Романија водеше со 19:17, серијата ја прекинавме преку Талески. Кога се влезе во последните десет минути веќе стануваше јасно дека Романија нема да може да ги надполни тие осум гола разлика од Скопје, па беше само прашање како ќе заврши натпреварот. На крајот Романија победи со 24:20

Најефикасен кај нас беше Лазаров со шест гола од 11 обиди, седум на спротивната страна постигна Хавиер Хумет кој го пропушти натпреварот во Скопје.

За место на СП Македонија благодарение на победата во Скопје од 30:22 сега ќе игра против Чешка во двомечот кој е закажан за април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…