Во рамки на организацијата за уште еден сениорски шампионат, РФМ ќе го има приматот заедно со Словенија и Црна Гора да биде домаќин на Европското првенство 2022. година во женска конкуренција.
ЕХФ денес и официјално ги објави листите на кои се наоѓаат имињата на земјите кои го минале првиот круг од апликациите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што беше клучно во изборот на Македонија заедно со Словенија и Црна Гора, е што тие три се единствените земји кои поднеле апликации за жеснкиот еврпски шампионат.
Во информацијата пренесена на ЕХФ се вели дека европската ракометна куќа ќе ги прифати апликациите на состанокот кој ќе се оддржи на 15 декември. Апликациите ќе бидат потврдени во март 2018. година, а доделувањето на приматите ќе се случи на конгресот на ЕХФ во Глазгов.