Дома Фудбал Репрезентации Македонија денес „тестира“ со силната Хрватска – натпревар кој треба да покаже до каде сме!

Македонија денес „тестира“ со силната Хрватска – натпревар кој треба да покаже до каде сме!

Денеска Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека.

За Македонија ова е подготовка за септември кога не очекуваат натпревари од Лигата на Нации. Покрај овој натпревар избраниците на Милевски за седум дена ќе играат и против Чешка.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Енис Барди поради повреда на последниот натпревар за Трабзонспор не е во комбинација за настап и за двете средби.

„Очекувам еден добар натпревар, кога имате меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме. Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина.

Се наоѓаме на крај на сезоната, но она кое го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум. Кога играте за својата држава, мора да сте на повеќе од максимумот, така ќе биде и секогаш. Императив е да видиме до каде сме, во која насока и што треба да поправиме пред септемвриксиот циклус“, изјави Милевски на вчерашната прес-конференција.

Хрватска за денешниот натпревар ќе има на располагање 17 фудбалери и како што најави селекторот Златко Далиќ предност ќе имаат фудбалерите кои се на подготовките уште од првиот ден.

Натпреварот се игра во терминот од 19:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дембеле: Се случуваше да си дојдам дома, да играм игри и малку да гледам телевизија

Осман Дембеле зад себе има сезона од соништата. Со ПСЖ освои сè што можеше да освои, а кру…